За нас

Кои сме ние?

E-stecaj.mk е веб апликација која ги следи стечајните постапки и има за цел да им обезбеди на корисниците навремени известувања за сите преземени дејствија во претходната и во стечајната постапка. Исто така, ние ги следиме сите јавно достапни информации за долговите на компаниите и за поведените постапки за нивна наплата врз основа на кои создаваме и водиме интегрирана листа на должници. Податоците во листата на должници постојано ги ажурираме со цел навремено да се предвиди потенцијалната неликвидност на компаниите или да се детектира таквата состојба и како такви во вид на тековни известувања за трендовите и состојбата на долговите ги доставуваме до корисниците за да можат навремено да преземат активности пред надлежните органи за утврдување, обезбедување или наплата на побарувањата кои ги имаат према своите должници.