Стечајна постапка

E-STECAJ им овозможува на корисниците да бидат навремено информирани дека е отворена стечајна постапка над нивните должници и преку автоматски нотификации да ги следат сите објави во текот на стечајната постапка. Стечајниот судија донесува решение за отворање на стечајна постапка во рок од 30 дена од приемот на предлогот за отворање на стечајна постапка.

Со отворањето на стечајна постапка настапуваат правни последици кои се важни за доверителите:

- стечајните доверители можат да ги остварат своите побарувања спрема должникот само во стечајната постапка,

- стечајните доверители побарувањата кои ги имаат спрема должникот до денот на отворањето на стечајната постапка можат писмено ги пријавуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во “Службен весник на Република Македонија,

- одделните стечајни доверители не можат против должникот да бараат обезбедување на побарувањата или извршување на делови од имотот што влегува во стечајната маса, ниту на друг имот на должникот,

- постапките на извршувањето и обезбедувањето што се во тек во времето на отворањето на стечајната постапка се прекинуваат. Можат да продолжат само прекинатите постапки за извршување и обезбедување кои што ги повеле излачните и разлачните доверители пред отворањето на стечајната постапка,

- со отворањето на стечајната постапка престануваат правата на управителот, директорот или друг орган на управување, застапниците, полномошниците и на членовите на органот за надзор.

- располагањето на поранешните застапници на должникот со имотот на стечајната маса е без правно дејство.

Оваа алатка обезбедува корисни информации за извршителите, нотарите, банките, осигурителните компании и другите субјекти при извршувањето на работи од нивна надлежност.