Бришење на субјекти

E-STECAJ им овозможува на корисниците да бидат навремено информирани за поведувањето на постапка по службена должност за бришење на субјекти од трговскиот регистар, за да можат навремено да превземат дејствија да го спречат бришењето на истите.

Правни последици од бришењето кои се важни за доверителите:

- запирање на тековните парници пред судовите и отфрлање на тужбата,

- запирање на извршувањето,

- престанок на правото за поведување на стечајна постапка,

- неможност за наплата на побарувањето и намирување на доверителите.

Согласно член 552-а од Законот за трговски друштва. Централниот регистар на Република Македонија е должен по службена должност во рок од 30 дена по настапувањето на условите за бришење на неактивен субјект и причините определени со членот 552-б од овој закон на својата веб страница да објави соопштение за тоа и да спроведе постапка за негово бришење. Доколку во рокот од една година, Централниот регистар на Република Македонија не добие известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање на стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Причини за бришење на трговец поединец, односно трговско друштво се:

- не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година,

- не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно со членот 21 став (4) од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица,

- по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршен упис на основање согласно со членот 175 од овој закон не го внесе/уплати основачкиот влог,

- неактивен субјект.