Поведена претходна постапка над ИДНИНА ЗМЕЈ

16 Dec 2025, 15:24 31 Поведена претходна постапка над ИДНИНА ЗМЕЈ

Основниот суд во Куманово, објави дека со Решение II Ст. бр. 27/25 од 20.11.2025 година, се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над должникот Друштво за производство на брусни производи Иднина Змеј ДООЕЛ с. Туралево, Кратово, со седиште во „Населено место без уличен систем“ Туралево, Кратово, со ЕМБС 6439527, со ЕДБ 4014008500415, со трансакциска сметка број 290100000174452 при ТТК банка АД Скопје, со трансакциска сметка број 30260000002060 при Комерцијална банка АД Скопје, со приоритетна дејност: 23.91 - Производство на абразивни (брусни) производи. Се закажува рочиште за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот на ден 23.12.2025 година во 12:30 часот, во судска сала бр.47 во Основниот суд во Куманово.