Заклучен стечајот над Ски Центар Кожуф

22 Jan 2026, 20:35 9 Заклучен стечајот над Ски Центар Кожуф

Основниот суд Велес во отворената стечајна постапка на стечајниот должник Друштво за угостителство и други услуги, производство и промет на големо и мало СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ од Кавадарци – во стечај со седиште на ул. „7-Септември“ б. б. во Кавадарци, донесе решение Ст. бр. 44/16 од 12.11.2025 година со кое стечајната постапка над имотот на должникот Друштво за угостителски и други услуги, производство и промет на големо и мало СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ АД од Кавадарци со седиште на ул.„7-Септември“ б. б. Во Кавадарци со ЕМБС 5507774 со ЕДБ 4006001112433, број на сметка 200000036070315 при Стопанска банка АД Скопје, со број на сметка 240270000404942 при УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со број на сметка 250002000355451 при ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје, со број на сметка 280060000015098 при АЛФА БАНКА АД Скопје, со број на сметка 370011100078143 при ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје и со приоритена дејност 55.10 – Хотели и слични објекти за сместување, стечајната постапка се запира и се заклучува.