Отворен стечај над Симпо
Основниот граѓански суд Скопје донесе Решение IV Ст. бр. 224/25 од 12.2.2026 година со кое се усвојува предлогот на предлагачот – доверител за отворање стечајна постапка над должникот Друштво за производство, трговија и услуги СИМПО ДОО увоз-извоз Скопје. Се отвора стечај над должникот Друштво за производство, трговија и услуги СИМПО ДОО увоз-извоз ДОО Скопје ул. „Кочо Битољану“ бр. 1 Скопје, единствен матичен број на субјектот на уписот 4345959, единствен даночен број 4030992259753 при УЈП – Регионална дирекција Скопје и шифра на дејност 47.550 – Трговија на мало со мебел, опрема за осветлување кујнски садови и прибор и други производи за домаќинство. За стечаен управник се определува Томе Петров од Скопје, со живеалиште на ул. „Коста Кирков“ бр. 9 Скопје.
