Е-аукција за продажба на имот на КОЛПОРТЕР ПОСТ

23 Mar 2026, 18:50 16 Е-аукција за продажба на имот на КОЛПОРТЕР ПОСТ

Стечајниот управник на Друштвото за услуги КОЛПОРТЕР ПОСТ ДОО Скопје - во стечај објави Оглас за продажба на имот од стечајна маса на должникот - возила по спецификација по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена која што ќе се одржи на 03.04.2026 година преку системот Е-аукција што се води во Централниот регистар на Р. Македонија. Продажбата на имотот се врши по принципот Видено-Купено, без право на дополнителни барања и рекламации. Имотот предмет на продажба, заинтересираните учесници  можат да го разгледаат  на ден  27.03.2026 година  од  12:00 до 13.00 часот  со претходна најава кај стечаен управник Живко Калков.