Закажано собрание на доверители на Промес

13 Nov 2025, 20:25 62 Закажано собрание на доверители на Промес

Основниот граѓански суд Скопје со Решение Ст.163/19, Ст.192/19, Ст.208/19, Ст.219/19, Ст.233/19, Ст.235/19, Ст.237/19 од 31.10.2025 година, свикува Собрание на доверители на стечајниот должник Друштво за производство и промет ПРОМЕС ДОО Скопје – во стечај, за извршена продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист број 11524 за КО Маџари, деловен простор на КП 1840, дел 0, ул. „Ј. Поп Јорданов“ број на зграда 1, намена на зграда Б4, влез 1, кат ПР, со површина од 159 м2 и деловен простор на КП 1840, дел 0, ул. „Ј. Поп Јорданов“ број на зграда 1, намена на зграда Б4, влез 2, кат ПР, со површина од 88 м2 и опрема (по спецификација) со проценета вредност во износ од 7.130.732 денари, а за понудена цена од 9.000.000 денари што претставува 126,21 % од проценетата вредност од понудувачот Друштво за производство, трговија и услуги ДС БИЛИВЕРС ГРУП ДОО Струмица.