Закажано собрание на доверители на Еуроникел Индустри

18 Nov 2025, 20:24 62 Закажано собрание на доверители на Еуроникел Индустри

Основниот суд Кавадарци со Решение Ст.бр.27/23 од 11.11.2025 година свикува Собрание на доверители на стечајниот должник Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с. Возарци Кавадарци во стечај, со седиште с. Возарци Кавадарци со ЕМБС 7331380 и ЕДБ 4011019516489, кое што ќе се одржи на ден 13.01.2026 година во 13:00 часот, со дневен ред - донесување на одлука за продажба на имот од стечајната маса на понудувачот М2 КАП АДВАЈЗОРС ЛТД Кипар во врска со третата електронска е-аукција продажба спроведена на 31.10.2025 година.