Закажано собрание на доверители на Прототип

25 Nov 2025, 18:43 50 Закажано собрание на доверители на Прототип

Основниот граѓански суд Скопје, со Решение I Ст.бр.200/21, I Ст.бр.216/21, I Ст.бр.38/22, I Ст.бр.48/22, I Ст.бр.51/22, I Ст.бр.54/22 и I Ст.бр.65/22 од 17.11.2025 година, свикува Собрание на доверители на стечајниот должник Друштво за производство, градежништво промет и услуги ПРОТОТИП Драгољуб ДООЕЛ Скопје – во стечај, кое што ќе се одржи на ден 4.12.2025 година во 9:15 часот во врска со трета одржаната е-продажба одржана за продажба на недвижен имот и тоа: - Пакет бр. 1 Недвижен имот – запишан во ИЛ 190598 за КО Драчево 2 – Скопје и тоа на: - КП 1118/3, викано место „Јурији“, Г3-3ПО (градежно земјиште – земјиште под објект) со површина од 14 м2; - КП 1134/5, викано место „Јурији“, Г3-ГН3 (градежно земјиште – градежно неизградежно земјиште) со површина од 24 м2; - КП 1134/6 викано место „Јурији“, Г3-ГН3 (градежно земјиште – градежно неизградежно земјиште) со Површина од 7 м2; - КП 961/3 викано место „Јурији“, Г3-ГН3 (градежно земјиште – градежно неизградежно земјиште) со површина од 21 м2; Со проценета вредност од 132.000 денари, а за понудена цена од 66.000 денари што претставува 50 % од проценетата вредност на понудувачот ВИТА ВИВА ДООЕЛ Скопје.