E-STECAJ им овозможува на корисниците да бидат навремено информирани дека е поведена претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над нивните должници. Стечајниот судија во рок од три дена по доставувањето на уреден предлог за отворање на стечајна постапка од страна на доверител, должникот или друго лице овластено со закон носи решение за поведување на претходна постапка за испитување на услови за отворање на стечајна постапка над должникот.
Со поведување на претходна постапка настапуваат правни последиците кои што се важни за доверителите:
-може да се определат мерки за обезбедување со кои се врши ограничување или се определува општа забрана за располагање со имотот на должникот (должникот не смее: да врши исплати од сметката, да склучува договори за компензација, цесија и други договори со кои се намируваат определени доверители, да врши отуѓување или оптоварување на имот и сл.),
- може да се побива трансакцијата со која на еден стечаен доверител му се дава или му се овозможува обезбедување или намирување во согласност со содржината на неговите права, ако е преземена по поднесувањето на предлогот за отворање на стечајна постапка, а доверителот знаел или морал да знае за неспособноста за плаќање или за предлогот за отворање на стечајна постапка,
- може да се побива трансакцијата на должникот со која стечајните доверители непосредно се оштетуваат, ако е преземена по поднесувањето на предлогот за отворање на стечајна постапка, а другата страна знаела или морала да знае за неспособноста за плаќање или за предлогот за отворање на стечајна постапка.