E-STECAJ им овозможува на корисниците да ги следат компаниите кои што имаат доспеани, а неплатени обврски кон Управата за јавни приходи по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Ние водиме интегрираната листа на должници во која на месечно ниво се ажурираат податоците за должниците кон Управата за јавни пригоди и се прави компаративна анализа на старите и на новите податоци за секој должник со цел да се утврди состојбата на долгот, неговото времетраење и трендот на зголемување или намалување на долгот.
Основот за објавување на овие податоци произлегува од член 9 од Законот за даночна постапка, според кој Управата за јавни приходи без согласност на даночните обврзници, објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување како и акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Постоењето на долгови на компаниите кон Управата за јавни приходи по основ на даноци и други јавни давачки е показател за успешност во работењето. Обработените податоци за должниците во интегрираната листа на должници им овозможуваат на корисниците да донесат паметни деловни одлуки при одлучување дали да стапат во деловни односи или да ја продолжат соработката со компании кои што имаат долгови кој Управата за јавни приходи.